Бон-тон за деца | Разговарајте потивко на јавно место

RazgovorНе зборувајте гласно на јавни места. Некултурно е телефонот да ви ѕвони прегласно и да ги вознемирува сите наоколу, а истото важи и за зборувањето гласно додека разговарате. Ако веќе морате да го повишите тонот, тргнете се на страна за да не им пречите на другите.

Исто така, внимавајте на темите на разговор додека сте на јавно место. Не мора целиот автобус да дознае како сте си поминале на последната журка или на последната средба со другарите..

СподелетеEmail this to someoneShare on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Бон-тон за деца | Најавете им ја забавата на соседите

RodendenКога организираме роденденска забава треба да ги почитуваме соседите со тоа што ќе одбереме неработен ден,а однапред треба да ги известиме.

СподелетеEmail this to someoneShare on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Бон-тон за деца | Поздравете со насмевка!

Pozdravuvanje na minuvanjeКога ќе го сретнеме нашиот сосед, треба да го поздравиме. Со поздравот секогаш оди и насмевка. Инаку, како некому да му поверуваме дека ни посакува добар ден, ако не’ гледа намќоресто.

СподелетеEmail this to someoneShare on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Бон-тон за деца | Поздравување во лифт

LiftКога се возиме во лифт треба да ги поздравиме сите — и познати и непознати. Прв поздравува оној што влегува во лифтот, а другите отпоздравуваат.

СподелетеEmail this to someoneShare on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest